24фудбал

„Остави ме да зборувам!“ - Де Брујне како мало дете му се налути на капитенот Силва (ВИДЕО)

Кевин де Брујне и Давид Силва имаа мала расправија по финишот на првиот дел од дуелот со Наполи, Шпанецот сакаше да го заштити својот соиграч, кој на крајот се налути како мало дете

Лига на Шампиони

Откако судијата означи крај на правиот дел, Кевин Де Брујне сакаше да расчисти некои работи со делителот на правдата, односно жолтиот картон кој го заработи неколку минути претходно.

Давид Силва реагираше капитенски и го спречи Де Брујне со цел да не заработи нов картон и исклучување.

Сепак, на Белгиецот не му се допушти ова, па влезе во расправија со Шпанецот.

Тој почна да вика: „Остави ме да зборувам!“, а откако реагираше и Фернандињо, Де Брујне се налути како мало дете и си замина во соблекувалната.