24фудбал

„До мене е или Бензема е преценет?“ - Линекер го „распарчи“ напаѓачот на Реал по новото големо промашување (ВИДЕО)

Легендата на Лестер и Англија, Гери Линекер го „распарчи“ Карим Бензема на социјалните мрежи откако напаѓачот на Раел имаше ново големо промашување против Тотенхем

Лига на Шампиони

Французинот често е критикуван за лошиот финиш и тој одново го навлече гневот на навивачите на денешниот дуел со „Спарси“ во Лигата на шампионите.

Касемиро му даде една топка на „тацна“, Хуго Лорис веќе беше фрлен, но Карим Бензема од само неколку метри успеа да го погоди гостинскиот голман во нога.

Па по новото големо промашување, Гери Линекер ги запали социјалните мрежи со еден пост на Твитер.

„До мене е или Бензема е преценет? Гол на секој втор натпревар во тим силен колку Реал Мадрид не е ништо посебно. Пристоен но не и одличен“ - напиш легендата на Лестер и Англија, кој има играно и за Тотенхем.