24фудбал

Кавани потврди дека не е пријател со Нејмар

Единсон Кавани потврди дека не се другари со Нејмар, но вели дека тоа не треба да биде пречка да функционираат одлично на теренот.

Франција

Единсон Кавани и Нејмар се караа за кој да изведува пенали и слободни удари, речиси една недела беа во центарот на вниманието на фудбалската јавност.

Во интервју за францускиот „СФР Спорт“, Кавани потврди дека не е пријател со Нејмар.

„Случајот со пеналот е минато, такви работи се случуваат во фудбалот“ - вели Кавани.

„Мора да најдеме решение и да функционираме како тим. Треба да бидеме конкурентен тим, но не мора да бидеме пријатели. Треба да бидете професионалци, иако секој си има свој живот“.