24фудбал

Кака се враќа во Милан? (ФОТО)

Најџел де Јонг преку социјалните мрежи даде знак кој беше протолкуван дека Кака ќе се врати во Милан.

Италија

„Премиум спорт“ напиша дека на Кака му било понудено да се врати во Милан и да одигра уште шест месеци, а потоа ќе му биде дадена функција во раководството.

Потоа следуваше интересен коментар на Најџел де Јонг на пост на инстаграм на Кака со кој се опростува од Орландо.

„Со среќа, ти си најдобриот. Се најдобро во иднина“ - напиша Де Јонг и додаде црна и црвена точка.

Овие бои беа доволни за италијанските медиуми да почнат да претпоставуваат дека се подготвува враќање на Рикардо Кака во Милан.

Бразилецот од 2003 до 2009 го носеше дресот на Милан, период во кој стана миленик на навивачите, на Сан Сиро се врати и во сезоната 2013-14.