24фудбал

Барса го доби Нејмар, Реал Мадрид се одмазди со Винисиус, каде ќе заврши новиот фудбалски бисер на Бразил?

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Барселона и Реал Мадрид ќе водат нова војна надвор од терените, двата лути ривали го посакуваат супер талентот на Фламенго, 16 годишниот Линколн

Шпанија

Барса и Реал покрај безброј битките на теренот, често знаат да се судрат и на трансфер пазарот.

„Каталонците“ успеаја да го добијат Нејмар а „Кралевите“ им се реваншираа откако им го украдоа 17 годишниот Винисиус од Фламенго.

Медиумите од Бразил и Шпанија сега велат дека двата клуба ќе наддаваат за уште еден играч на Фламенго, 16 годишниот Линколн.

Младото момче импресионира на Светското првенство за играчи до 17 години, па и Барса и Реал побрзале да го договорат.

Клубот од Камп Ноу веќе стапил во контакт со Фламенго, а и Реал Мадрид не заостанува многу.

„Кралевите“ се надеваат дека ќе успеат да ги искористат добрите односи со правите луѓе во Фламенго, како и тоа што веќе го ангажираа добриот пријател на Линколн (Винисиус), за на лутиот ривал да му зададат нов удар надвор од терените.