24фудбал

Против Реал Сосиедад по први бодови во Лига Европа, Вардарци подготвени за утрешниот голем тест (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот првак утревечер на домашен терен го пречекува шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад во третото коло од групата „Л“ од Лига Европа.

Македонија

Се чини дека избраниците на Чеде Јаневски по првиот гол во дебитантскиот настап во второто по ранг европско клупско натпреварување ќе влезат многу поопуштено во однос на претходните две средби, каде најнапред загубија од Зенит во Скопје со 0-5, а потоа беа поразени и на гости кај Розенборг со 3-1.

Реал Сосиедад е дел од шпанскиот елитен фудбал, тие се фаворити, притисокот е на нивна страна, кај фудбалерите во црвено-црни дресови им преостанува да го покажат најдоброто од себе и да дојдат до првите бодови во Лига Европа, нешто што воедно најави и стратегот од клупата на Вардар, Чеде Јаневски на денешната пресконференција пред медиумите.







Средбата со Реал Сосиедад стартува во терминот од 19 часот, а вон настап во таборот на Вардар ќе бидат Муслиу, Брдаровски и Велковски кои се повредени.