24фудбал

Дали Шпанија може без Каталонија, а Примера без Барселона? Одговорот го има првиот човек на Реал Мадрид

Претседателот на европскиот и шпански првак Реал Мадрид проговори на мошне чувствителната тема која ја тресе Шпанија.

Шпанија

Референдумот околу независност на Каталонија се уште е актуелна тема, која за жал на големо го зафати и спортот, посебно фудбалот, ако се земе во предвид дека на големо се шпекулираше дека Барселона ќе излезе од шпанскиот фудбалски шампионат доколку дојде до отцепување на таа покраина.

Сепак, оваа тема која на големо ја тресе Шпанија не можеше да мине и без мислењето на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Искрено, не можам да ја замислам Шпанија без Каталонија, ниту пак Примера без Барселона...“ изјави Перез.

Претседателот на Реал Мадрид се осврна и на случувањата во шпанскиот национален тим, посебно Џерард Пике кој беше на удар на шпанската јавност поради неговите ставови околу референдумот за независност на Каталонија.

Во репрезентацијата треба да играат најдобрите, мора да има добра атмосфера и сите треба да бидеме како еден, без поделби. Токму тоа го видов на последните натпревари на Шпанија, единство и заедништво...“ додаде тој.