24фудбал

ЛШ, полувреме: Челси води против Рома, Јувентус по потешкиот пат против Спортинг Лисабон (ВИДЕО)

Полувреме од вечерашните средби во третото коло од групите во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Во дербито на вечерта, Челси има предност по првите 45 минути игра над Рома со 2-1, во мечот од групата „Ц“ каде Атлетико Мадрид претходно ремизираше на гостувањето кај Карабах.

Голот за водство на домаќините на „Стемфорд Бриџ“ го постигна Бразилецот Давид Луиз во 11. минута, а истиот беше вистинска мајсторија која би можела да донесе победа од исклучителна важност за тимот на Конте кој при евентуален триумф би имал максимален број на победи во својата група.

На 2-0 зголеми Азар во 37. минута, а гостите веднаш возвратија по само три минути откако Коларов погоди за 2-1, а со овој резултат се замина на паузата.

Интересно е во Торино, каде Јувентус во рамките на групата „Д“ игра против Спортинг Лисабон. Исходот од првото полувреме е израмнет со резултат 1-1, а гостите први поведоа на мечот и тоа со автоголот на Сандро во 12. минута. Израмнувачкиот гол беше дело на Пјаниќ од слободен удар во 29. минута.

Во истата група Барселона со автоголот на Николау во 18. минута има минимално водство над Олимпијакос, што би можело да донесе трета победа за Каталонците во оваа конкуренција.

 

РЕЗУЛТАТИ И ПОГОДОЦИ ОД ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ:

 

Група „А“

Бенфика – Манчестер јунајтед 0:0

ЦСКА Москва – Базел 0:1 (Џака 29’)


 

Група „Б“

Баерн Минхен – Селтик 2:0 (Милер 17’, Кимих 29’)



Андерлехт – ПСЖ 0:2 (Мбапе 3’, Кавани 44')




Група „Ц“

Јувентус – Спортинг Лисабон 1:1 (Алекс Сандро автогол 12, Пјаниќ 29’)



Челси – Рома 2:1 (Луиз 11, Азар 37, Коларов 40’)





Група „Д“

Барселона – Олимпијакос 1:0 (Николау автогол 18’)


Карабах – Атлетико Мадрид 0:0 (играа од 18 часот)

 

Фото-вест: Chelsea FC (Twitter)