24фудбал

ЛШ: Голеада во Лондон, Рома ремизираше кај Челси, Јувентус едвај до победа над Спортинг Лисабон (ВИДЕО)

Комплетирано е третото коло во групите од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Возбудливо реми одиграа Челси и Рома во дербито на вечерта во рамките на групата „Ц“ каде резултатот од мечот во Лондон гласеше 3-3.

Домаќините имаа водство и од 2-0 во првото полувреме, со погодоците на Луиз и Азар во 11. односно 37. минута, но гостинскиот табор преку Коларов во 40. минута намали на 2-1 и навести интересно второ полувреме.

Џеко во 64. минута со фантастичен погодок израмни на 2-2, а само шест минути подоцна навести шок за домаќините погодувајќи и за водство на италијанскиот тим од 2-3.

Конечните 3-3 од овој мошне интересен и докрај неизвесен меч ги постави Азар со својот втор гол, овој пат во 75. минута.

Во истата група Атлетико Мадрид одигра реми без голови на гостувањето кај Карабах, а тоа беше првиот бод за азербејџанскиот претставник во оваа конкуренција, каде Челси е прв со седум бода, а потоа следи Рома со пет, па Атлетико Мадрид со два.

Јувентус се намачи добро за да стигне до три бода во дуелот пред своја публика против мошне незгодниот Спортинг Лисабон, во мечот од групата „Д“, а единствениот македонски фудбалер сезонава во Лигата на шампионите, Стефан Ристовски не се најде ниту на клупата за резервни фудбалери кај гостите.

Спортинг Лисабон прв поведе во Торино и тоа со автоголот на Алекс Сандро во 12. Минута, а домаќините преку Пјаниќ од слободен удар во 29. минута израмнија на 1-1.

Конечните 2-1 за домаќините ги постави Манџукиќ со својот гол во 85. минута од мечот за исклучително важни три бода за италијанскиот првак.

Во истата конкуренција Барселона ја оправда фаворитската улога во дуелот со Олимпијакос и славеше на домашен терен со 3-1, за максимален учинок од победи во групата. По ова, Барселона е прва на табелата со девет бода, следи Јувентус со шест, Спортинг со три, а Олимпијакос засега е без бодови.

 

РЕЗУЛТАТИ И ПОГОДОЦИ ОД ВЕЧЕРАШНИТЕ НАТПРЕВАРИ:

 

Група „А“

Бенфика – Манчестер јунајтед 0:1 (Рашворд 65’)


ЦСКА Москва – Базел 0:2 (Џака 29’, Оберлин 90’)




Група „Б“

Баерн Минхен – Селтик 3:0 (Милер 17’, Кимих 29’, Хумелс 51’)




Андерлехт – ПСЖ 0:4 (Мбапе 3’, Кавани 44’, Нејмар 66, Ди Мариа 88’)





 

Група „Ц“

Јувентус – Спортинг Лисабон 2:1 (Алекс Сандро автогол 12, Пјаниќ 29’, Манџукиќ 84’)




Барселона – Олимпијакос 3:1 (Николау автогол 18’, Меси 61’, Диње 64’, Николау 90’)





 

Група „Д“

Челси – Рома 3:3 (Луиз 11, Азар 37, 75’, Коларов 40, Џеко 64’)







Карабах – Атлетико Мадрид 0:0 (играа од 18 часот)

 

Фото-вест: uefa.com