24фудбал

Најмладиот голман во историјата на ЛШ му „подари“ победа на Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Белгискиот интернационалец не се прослави вечерва.

Лига на Шампиони

Младиот 18 годишен чувар на мрежата на португалска Бенфика, Белгиецот Миле Свилар, не се прослави на дуелот со Манчестер јунајтед во елитното европско клупско натпреварување.

Премиерлигашот славеше минимално на гостувањето во Португалија и тоа по грешката на Свилар кој прими гол од огромна далечина по центаршутот на Рашворд кој одеше директно во неговиот гол.


Инаку Свилар го надмина Икер Касилјас и на својата возраст стана најмладиот голман кој некогаш настапил во Лигата на шампионите.

По овој пораз Бенфика тешко дека би можела да стигне до второто место во групата кое носи прогрес, откако и по три меча засега е без ниту еден освоен бод во конкуренцијата каде за ривали освен Манчестер јунајтед, ги има уште и Базел и ЦСКА Москва.