24фудбал

Свилар се извинуваше до навивачите на Бенфика, Лукаку го тешеше (ВИДЕО)

Младиот чувар на португалскиот тим му подари победа на Манчестер јунајтед.

Лига на Шампиони

Бенфика загуби минимално од Манчестер јунајтед на домашен терен во третото коло од групата „А“, а голот за гостите дојде при една кардинална грешка на младиот 18 годишен чувар на мрежата на Португалците, Миле Свилар.

Рашворд упати центаршут од голема далечина во 64. Минута, а истиот одеше во голот на домаќините, при што Свилар не реагираше соодветно.

По мечот, Белгиецот кој стана најмладиот учесник како голман во Лигата на шампионите и го надмина Икер Касилјас, се извинуваше до навивачите на Бенфика, а го тешеше неговиот сонародник, Ромелу Лукаку.