24фудбал

Мурињо е немилосрден, имал специјална тактика за младиот Свилар, Матиќ открива кои биле инструкциите

Голманот на Бенфика, Миле Свилар вчера стана најмладиот играч помеѓу стативите во Лигата на шампионите, а Жозе Мурињо имајќи го ова на ум, подготвил специјална тактика за Белгиецот

Лига на Шампиони

Миле Свилар вчера го сруши рекордот на легендата Икер Касиљас, и со 18 години и 52 дена, стана најмладиот голман со настап во Лигата на шампионите.

Но неговото деби од соништата се претвори во кошмар откако во 64. минута лошо процени една нафрлена топка, и наместо да боксува, тој со топката во раце заврши во сопствената мрежа.

За ваквиот кикс можеби заслуга има и Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед имал подготвено специјална тактика за Миле Свилар.

„Жозе ни кажа што повеќе да шутираме и да нафрлуваме топки во шеснаесетникот бидејќи нивниот голман е млад и го игра првиот натпревар – откри Немања Матиќ по крајот на дуелот.

„Таков е фудбалот. Знам дека тој е одличен голман и му посакувам се најдобро во иднина.

Самиот Мурињо додаде: „Знаев дека се работи за многу добар голман, но имавме одредени статистики и информации за нафрлени топки од прекини, па моравме да му ја направиме работата пеколно тешка.

„Па при корнерите се обидовме што повеќе луѓе да има околу него и да го ставиме под притисок, а за слободните удари знаевме дека ризикува многу. Навистина многу.

„Само најдобрите голмани ризикуваат како него. Па ни се посреќи.