24фудбал

Мистериозната сина таблета која вчера Меси ја извади од штуцните, зошто Аргентинецот користи глукоза? (ВИДЕО)

Едно кратко видео од Лео Меси на вчерашниот дуел со Олимпијакос за кратко време стана вирално, Аргентинецот беше уловен како на сред натпревар вади таблета од штуцните и ја голта

Лига на Шампиони

Ѕвездата на Барселона вчера постигна прекрасен погодок од слободен удар со кој стигна до бројот од 100 голови во Европа, но покрај ова достигнување, тој е во центарот на внимаието и поради еден кадар од воведниот дел од средбата.

Во 10. минута, камерите го уловија Лео Меси како од штуцните вади мистериозна таблета и ја голта.

Видеото за кратко време стана вирално на социјалните мрежи, па многумина се запрашаа што прави Аргентинецот.

Медиумите од Шпанија пишуваат дека се работело за таблета глукоза, кој обично ја користат спортистите или индивидуите кои се занимаваат со интензивно натпреварување односно вежбање.

Кога се прави напор, гликогенот кој е складиран во мускулите се троши како извор на енергија. Количеството гликоген е лимитирано, па некогаш, со дозвола на доктор, може да се замени со користење на таблети глукоза.

Таблетата која Меси ја зема, треба веднаш да обезбеди сила во мускулите на играчот.

Околу тоа кое време е најдобро за земање на таблетата, мислењата се поделени. Некои сметаат дека тоа е 15 минути откако ќе се почне со вежбање (слично како што тоа го направи Меси), додека пак други веруваат дека најдобро е да се земе на загревањето, односно пред да се почне со вежбањето.

Според Рикард Торкемада од Радио Каталонија, лекарскиот тим на Барселона ја одредил дозата која Лео Меси требал да ја земе за овој натпревар, и додава дека ваквата практика играчот не ја применува на секој натпревар.