24фудбал

Вардар пред нов дебакл, Вилијан продолжи да ја решета мрежата од голот на црвено-црните (ВИДЕО)

Бразилецот се чини ќе му нанесе тежок пораз на македонскиот првак.

Македонија

По петардата од Зенит во првото коло, на Вардар му се заканува нов убедлив пораз пред своја публика, овој пат од Реал Сосиедад во третото коло од групата „Л“ од Лига Европа.

По убедливото водство од 0-3 по првите 45 минути игра гостите не застанаа, па стигна нов гол во 55. минута за 0-4 и тоа преку Вилијан Жозе кој веќе постигна хет-трик на мечот во Скопје. А истиот фудбалер само четири минути подоцна постигна гол и за 0-5.