24фудбал

Јаневски: Јас сум виновен за овој пораз, се извинувам...

Стратегот од клупата на македонскиот првак упати извинување поради срамниот пораз на неговиот тим.

Македонија

Вардар забележа нов убедлив пораз пред своја публика во Лига Европа, овој пат од Реал Сосиедад со 0-6 во третото коло од групата „Л“.

Големо разочарување кај македонскиот шампион, а тоа се покажа и на пресконференцијата по крајот на мечот, каде Чедомир Јаневски ја презеде одговорноста за убедливиот пораз.

Ова беше навистина тежок пораз, како за мене, така и за фудбалерите, а воедно и општо за клубот. Се обидовме да го смениме текот на играта по раното водство на гостите, не успеавме а тие фатија залет, се разиграа и покажаа класа. Се извинувам, јас сум виновен за овој дебакл, навистина ми е жал и се извинувам за овој тежок пораз“ истакна Јаневски на пресконференцијата по мечот.

Македонскиот претставник токму против Реал Сосиедад, овој пат на гостински терен на 2 ноември во четвртото коло ќе се бори за први бодови во дебитантската сезона од второто по ранг европско клупско натпреварување.