24фудбал

Сакристан смета дека Вардар не одиграл лошо против Реал Сосиедад

Стратегот од клупата на шпанскиот прволигаш вели дека неговиот тим одиграл перфектен натпревар во Скопје.

Македонија

Вардар забележа нов убедлив пораз пред своја публика во Лига Европа, овој пат од Реал Сосиедад со 0-6 во третото коло од групата „Л“.

По крајот на мечот, стратегот од клупата на гостите, Еузебио Сакристан издвои дека не играл Вардар толку лошо, колку што неговиот тим бил перфектен, а додаде и дека му се допаднало нешто во играта на македонскиот првак.

Му пристапивме сериозно на овој натпревар, не го потценивме противникот, дадовме сеод себе и победивме. Она што ми се допадна најмногу кај противникот е тоа што го задржа стилот на играта до крајот на средбата, не играше Вардар лошо, ние бевме тие кои одиграа одлично. Вардар не е лош тим, имаат добар состав“ изјави по крајот на мечот Сакристан.

Македонскиот претставник токму против Реал Сосиедад, овој пат на гостински терен на 2 ноември во четвртото коло ќе се бори за први бодови во дебитантската сезона од второто по ранг европско клупско натпреварување.