24фудбал

Вардар загуби, а тие повторно победија: Комитското грло пееше и по дебаклот од Реал Сосиедад (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар посрамотен, но не и неговите навивачи кои до крајот, и по крајот на средбата во Скопје навиваа за својот омилен клуб.

Македонија

Ретко кој очекуваше, но се случи, Вардар загуби пред своја публика со убедливи 0-6 од Реал Сосиедад во третото коло од групата „Л“ во Лига Европа.

Сепак, високиот и убедлив пораз на нашиот шампион за момент ќе остане во сенка, и тоа најмногу поради неговите верни навивачи кои се чини дека во голем дел го обелија образот на својот омилен клуб, навивајќи за него неуморно во текот на целиот меч, а воедно и по крајот на истиот.

Истата слика имавме можност да ја проследиме и во убедливиот пораз од Зенит со 0-5 во првото коло.