24фудбал

ЛЕ: Арсенал изведе акција како од фудбалските учебници, Жиру ја „зачини“ со спектакуларен гол (ВИДЕО)

Англискиот премиерлигаш во завршницата од гостувањето во Белград постигна гол за победа над Црвена Звезда.

Лига Европа

Белградска Црвена Звезда успеа да парира над Арсенал во третото коло од групата „Х“ од Лига Европа, но не до крајот од средбата, гостите со гол во 85. Минута си заминаа со исклучително тешко извојувани три бода.

Победничкиот гол за Арсенал го постигна Жиру а на истиот му претходеше акција како од фудбалските учебници во која домаќините беа само „гледачи“, а голот беше вистинска мајсторија која вреди да се погледне неколку пати...



Резултати од средбите кои завршија а се во рамките на третото коло:

Астана – Макаби Тел Авив 4-0

БАТЕ Борисов – Келн 1-0

Црвена Звезда – Арсенал 0-1

Хапоел Бер Шева – Стеауа 1-2

Конјаспор – Салцбург 0-2

Лугано – Плзењ 3-2

Олимпик Марсеј – Гимараеш 2-1

Ница – Лацио 1-3

Остерсундс – Атлетик Билбао 2-2

Вардар – Реал Сосиедад 0-6

Зулте Варегем – Витезе 1-1

Зенит – Розенборг 3-1

Зорја – Херта 2-1