24фудбал

МВР со детали од вчерашните инциденти во Скопје по мечот на Вардар

Министерството за Внатрешни Работи со соопштение околу инцидентите кои се случија во Скопје по мечот од Лига Европа.

Македонија

Македонскиот првак Вардар синоќа забележа убедлив пораз од 0-6 пред своја публика од Реал Сосиедад во третото коло од Лига Европа, а по мечот инцидент се случи кај Бит Пазар, во кој беа демолирани автобуси во кои се превезувале и дел од вардаровите навивачи.

Од соопштението на Министерството за внатрешни работи информираат дека три лица се повредени кои со возила на итна медицинска помош биле префрлени во Ургентен центар, а засега, едно лице е преведено.

Околу 21,00 час. пријавено е дека на бул.Крсте Мисирков на постојката кај 26-ти Јули во автобус на ЈСП бр. 50 од страна на повеќе лица бил нарушен јавниот ред и мир и притоа биле нападнати и патниците кои биле внатре во автобусот. Нарушувањето започнало на горниот кат од автобусот каде што настанала тепачка, која потоа продолжила и на долниот кат од автобусот. Едно од лицата учесник во тепачката го фатил воланот на шоферот и предизвикал сообраќајка односно автобусот удрил во приватен автобус бр.20. Откако биле отворени вратите од автобусот, лицата продолжиле со тепачката на самата постојка, но по пристигнувањето на полициските службеници лицата се разбегале во различни правци. Повредени се три лица кои со возила на итна медицинска помош се префрлени во Ургентен центар. За сега е приведено едно лице Р. Б. и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сите учесници во насилството се вели во соопштението на МВР.

 

Фото-вест: sport1.mk