24фудбал

Како во некоја сцена од хорор филм, Хрватот Вида со раскрварена глава на мечот со Јанг Бојс (ФОТО)

Капитенот на Динамо Киев со раскрварена глава по еден тежок воздушен дуел.

Лига Европа

Динамо Киев и Јанг Бојс одиграа реми со резултат 2-2 во третото коло од Лига Европа, а капитенот на украинскиот клуб, Хрватот Домагој Вида мораше предвреме да го напушти теренот.

Вида по еден воздушен дуел со Муми Нгамалеу доби тежок удар во главата по што низ целото лице му се разлеа крв.

Лекарскиот тим на домаќините на некој начин дури и се обиде некако да го „искрпи“ сето тоа, но Хрватот мораше да предвреме да замине во соблекувалната, во 80. минута.

Шокантните фотографии сведочат како на сцена од хорор филм...