24фудбал

Чави откри кога дознал дека Нејмар ќе си замине од Барселона, и причината за таквата одлука на Бразилецот

Поранешниот фудбалер на каталонскиот гигант во интервју за „BBC“.

Шпанија

Чави Ернандез, легендата на Барселона го открива моментот кога Нејмар им соопштил дека ќе си замине од Барселона, а воедно и причината за таквата негова одлука.

Тој ни кажа дека сака да го смени клубот на свадбата на Меси... Го прашав зошто сака да го направи тоа, тој рече дека не бил среќен во Барселона, преферирал да си замине, да има ново искуство во Европа со ПСЖ и токму тоа и го направи, тоа беше негова одлука, ние моравме да ја почитуваме“ открива Чави.

Мислам дека со Нејмар и Мбапе, ПСЖ имаат одлични шанси да ја освојат Лигата на шампионите оваа сезона“ додаде 37 годишниот фудбалер кој моментално настапува во катарски Ал Сад, а во дресот на Барселона 1998. до 2015. година забележа 505 настапи.