24фудбал

Жута го „полуде“ Шпанецот Де Паула, фудбалерот на Австрија Виена се повреди по дриблинг на Македонецот!

Некогашниот стандарден член на македонската сениорска фудбалска репрезентација одигра перфектен меч во Виена.

Македонија

Словенечкиот стратег од клупата на хрватскиот првак Ријека, Матијаж Кек повторно го има Леонард Жута како стандарден првотимец на левата бековска позиција во тимот, откако претходно направи промена на таа позиција, како што изјави тогаш – поради желба за поголема брзина во тој дел од теренот.

Сепак, останува отворено прашањето колку Кек беше во право со таа одлука, ако се земе во предвид дека 25 годишниот лев бек Жута повторно игра во својата препознатлива форма, а шансата ја користи до максимум.

Ријека синоќа славеше со 1-3 на гостувањето кај Австрија Виена во третото коло од групата „Д“ од Лига Европа, а нашиот фудбалер одиграл до таа мера перфектно, што 33 годишниот Шпанец од редовите на домаќините, Де Паула уште во 59. минута морал да излезе од игра откако се здобил со повреда по еден дриблинг на македонскиот интернационалец.



 

Фото-вест: NK Rijeka (Facebook)

Извор: 24sata.hr