24фудбал

Ѕвездите на Челси незадоволни од методите на работа на Конте

Незадоволство во таборот на англискиот првак поради принципиелноста на италијанскиот страге.

Англија

Според информациите кои ги пренесуваат медиумите на Островот, се вели дека фудбалерите на Челси се незадоволни од интензитетот во методите на тренинзите кои ги практикува Антонио Конте.

Истовремено се шпекулира дека Италијанецот е под зголемено надгледување од страна на раководството на клубот откако актуелниот бранител на титулата во Премиерлигата веќе три натпревари по ред е без победа.

Според пишувањата на Островот, се вели дека повеќе фудбалери на Челси веруваат дека Конте продолжил со инсистирање на физички тренинг сесии, премногу средби за тактички варијанти кои ги подготвувал Италијанецот и премалку слободни денови, а сево ова се одразува и во формата на фудбалерите.

Конте инсистирал на дури три тренинг сесии помеѓу саботниот пораз од Кристал Палас со 2-1 во Премиерлигата и ремито со Рома во Лигата на шампионите од 3-3, што е со разлика од исто толку денови, поточно три.