24фудбал

Реакцијата на Мурињо кога Арнаутовиќ дошол на тренинг во Интер пет часа порано од предвиденото

Австрискиот репрезентативец во интервју за „Дејли Меил“ сподели интересна приказна за јавноста.

Останато

28 годишниот член на англискиот премиерлигаш Вест Хем, офанзивецот Марко Арнаутовиќ сподели интересна приказна за јавноста за неговиот престој во Интер во сезоната 2009/10, а во фокусот на вниманието се тој и португалскиот стратег Жозе Мурињо кој со големи успеси го водеше тој клуб.

Бевме во Абу Даби за пресезонски подготовки со Интер во 2009. година, се успав за доручекот, доцнење број еден...“ почнува Арнаутовиќ во интервјуто за „Дејли Меил“.

Потоа имавме тимска средба, хотелот беше огромен и мојата соба беше на 75 кат. Јас го чекам лифтот и притискам на копчето да стигне, уште еднаш, го правам тоа, па уште еднаш... си велам, имам уште седум минути така да ок е, но не успеав на време да стигнам. Катастрофа. Доцнење број два...“ додава тој.

Си велев дека тој ќе ме убие сега... па така имавме мал судир околу ова, па јас вон комбинација за настап во тимот тој ден, а дополнително тренирав одвоено од моите соиграчи“ открива Австриецот.

Неколку седмици потоа Арнаутовиќ  отишол на тренингот на Интер дури пет часа пред предвидениот термин, мислејќи дека има тренинг утрото, а сепак имал во попладневните часови.

Се вративме во Милано, продолживме со тренинзи, мислев дека ќе тренираме тоа утро и отидов, а воопшто не се каам поради тој потег, немаше автомобили во тренинг центарот, а ние сме имале тренинг попладне тој ден!“ вели екс фудбалерот на Интер.

Мурињо беше таму со неговите помошници и почна да ми аплаудира и да се смее. Тој ми рече: „Ти си мој човек, дојде пет часа пред стартот на тренингот... Те обожавам! Еве, земи го мојот часовник“... Јас се уште го чувам тој часовник во мојата куќа“ заврши Арнаутовиќ во интервјуто.