24фудбал

Лестер заработи повеќе пари во Лигата на шампионите од шампионот Реал Мадрид!

„Кралевите“ во јуни се радуваа на нова титула во Лигата на шампионите, но кога е во прашање распределбата на парите, Реал Мадрид се најде само на третото место, зад Лестер и Јувентус

Лига на Шампиони

Eвропската куќа на фудбалот соопшти како се распределени парите во Лигата на шампионите за сезоната 2016/17.

Клубовите кои земаа учество во групната фаза од најелитното европско натпреварување поделиле нешто над 1.39 милијарди евра.

Најмногу се офајди Јувентус, „Старата Дама“ заработи речиси 30 милиони евра повеќе од најблиските конкуренти, односно Лестер и Реал Мадрид.

Клубот од Торино инкасирал 110 милиони евра, Лестер 81.6 милиони евра, а шампионот Реал Мадрид 81 милион евра.

Ваквата разлика се должии на договорот за ТВ права, оној на Италија е побогат од Шпанија, а Јувентус добива и најголем дел од колачот бидејќи другите екипи од Серија А беа рано елиминирани.

„Старата Дама“ од маркетин колачот добила 58,8 милиони евра, двојно повеќе од Реал Мадрид (26,1). Лестер исто така има солидна бројка од 49 милиони евра.

Помеѓу 10 клубови кои имале најголеми приходи уште се и Наполи (66 милиони евра), Монако (64 милиони евра), Арсенал (64.5 милиони евра), Атлетико Мадрид (60 милиони евра), Барселона (59.8 милиони евра), ПСЖ (55,3 милиони евра) и Баерн Минхен (54.8 милиони евра).