24фудбал

Вардар доби 1 милион за настапот во Лигата на шампионите, Шкендија 920.000 евра од Лига Евроа

Европската куќа на фудбалот обелодени каков дел од колачот добиле македонските екипи кои оваа година настапуваа во квалификациите од Лигата на шампионите и Лига Европа

Македонија

Вардар ова лето испиша историја со одличните изданија во Европа. Успехот на терените носи и солидна финасиска награда за наши услови.

Двете кола во Лигата на шампионите, односно победата над Малме и елиминацијата од Копенхаген, на „Црвено-црните“ им донеле 1 милион евра.

Во овој извештај сепак не се земени приходите кои клубот ќе ги добие за настапот во Лигата Европа, тие УЕФА дополнително ќе ги објави следната година.

Само се знае дека Вардар ќе добие најмалку 2,6 милиони евра за настапот во групната фаза од најмасовното европско натпреварување, плус пари од маркетин колачот и евентуални освоени бодови од преостанатите три кола.

Шкендија исто така заработи солидно од настапот во квалификациите од Лига Европа, „Црвено-црните“ од Тетово ќе добијат 920.000 илјади евра.

Работнички за двете кола во Лига Европа ќе добие 440.000 евра, а Пелистер за елиминацијата уште на стартот ќе добие 215.000 евра.