24фудбал

Чудното правило на новиот тренер на Волфзбург: Играчите треба да ги мијат забите по секој натпревар

Новиот тренер на Волфзбург, Мартин Шмид воведе едно чудно правило во соблекувалната, играчите треба да ги мијат забите по секој натпервар

Германија

Волфзбург лошо ја започна сезоната, па слабите резултати донесоа промена на кормилото.

На тренерското столче седна Мартин Шмид кој воведе едно чудно правило, играчите треба да ги мијат забите по секој натпревар.

„По напорните натпревари, се создава киселина во устата“ - објаснува Шмид. „Таа може да заврши во крвта и на тој начин да го забави процесот на опоравување“.

„Па оралната хигена е многу важна“.