24фудбал

Нејмар и на Емери му покажал кој е „газда“, Бразилецот се скарал со тренерот поради бизарна причина

Медиумите од Франција пишуваат за нов конфликт во ПСЖ, Нејмар овој пат се скарал со тренерот Унаи Емери а причината е прилично бизарна

Франција

По расправијата со Единсон Кавани за кој да ги изведува пеналите, Нејмар сега влегол во „клинч“ и со тренерот Унаи Емери.

Лекип пишува дека расправијата настанала на тренингот во петокот.

Стратегот ги поделил играчите во две групи, оние кои играле против Андерлехт во Лигата на шампионите, и оние кон не настапиле.

Со оглед на тоа дека овој викенд се игра француското „Ел класико“ и дуелот помеѓу ПСЖ и Марсеј, Унаи Емери решил да ги одмори своите најдобри фудбалери, па предвреме ги испратил во соблекувалната.

Но на Нејмар не му се допаднало ова, Бразилецот сакал да продолжи да тренира па почнал расправија со Унаи Емери.

Причината е прилично бизарна, па многумина веруваат дека со овој потег, напаѓачот сакал само да покаже кој е „газда“ во ПСЖ.