24фудбал

Нејмар ги загуби нервите и поцрвене, фановите на Марсеј лудо славеа (ВИДЕО)

Нејмар предвреме го заврши француското „Ел Класико“, Бразилецот кон финишот ги загуби нервите и поцрвене, а фановите на Марсеј лудо славеа

Франција

Нејмар нема по добро да го памети првото големо дерби помеѓу Марсеј и ПСЖ, Бразилецот погоди на Велодром, но не го дочека последниот свиреж на судијата.

Тој кон финишот на средбата ги загуби нервите, заработи два жолти картони и исклучување.

Фановите на Марсеј го прославија црвениот картон на Нејмар, но неколку минути подоцна замолкаа откако Кавани во 93. минута погоди за 2-2 со играч помалку.