24фудбал

Беше жешко на Велодром, полицијата го чуваше Нејмар за Бразилецот да изведе корнер (ВИДЕО)

Фановите на Марсеј креираа пеколна атмосфера за лутиот ривал ПСЖ, секако прв на удар беше новајлијата во тимот, Нејмар кој ова лето пристигна во Париз за рекордни 222 милиони евра

Франција

Нејмар ја искуси атмосферата на француското „Ел класико“, Бразилецот добро го започна натпреварот со гол, но потоа беше испровоциран од играчите на Марсеј, во финишот од сребдата ги загуби нервите и доби два брзи жолти картони.

Напаѓачот исто така беше мета и на навивачите, кои креираа пеколна атмосфера на Велодром.

Во вториот дел, кога Нејмар се обиде да изведе еден корнер, кон теренот полетаа еден куп предмети.

Па на помош мораше да притрча полицијата и обезбедувањето за Нејмар да може да нафрли од аголот на игралиштето.