24фудбал

Нов случај Бонучи во Јувентус, Дибала сочно го опцу Алегри (ВИДЕО)

Медиумите од Италија пишуваат за нов случај Бонучи во редовите на „Старата Дама“, Пауло Дибала вчера упатил пцовка кон тренерот Масимо Алегри

Италија

Минатата сезона Леонардо Бонучи и Масимо Алегри имаа жестока расправија на дуелот со Палермо, си разменија пцовки на теренот, а потоа и во соблекувалната делеле правда.

За вакиот испад, дефанзивецот беше суспендиран на еден натпревар, а се верува дека конфликтот исто така е една од причините поради која Италијанецот изминатово лето беше продаден на Милан.

Медиумите сега пишуваат за нов случај Бонучи, Пауло Дибала е обвинет деа упатил пцовка на адреса на Масимо Алегри.

Стратегот во 68. минута од средбата со Удинезе реши да го извади од игра Аргентинецот, но ова не му се допадна на напаѓачот, кој видно разочаран се упати кон клупата.

Во моментите кога тој го напушташе теренот, камерите го уловија како изговара нешто, а според медиумите од Италија, Пауло Дибала кон Алегри дофрлил „concha de tu madre!”, пцовка популарна кај јужноамериканците, која отпрлика значи „на мајка ти пи**ата“.

Останува да се види дали Пауло Дибала ќе ја доживее истата судбина како Леонардо Бонучи, и како казна еден натпревар да проследи од трибините.