24фудбал

Промашување од епски размери во Бундеслигата! (ВИДЕО)

Во оваа ситуација беше потешко да се промаши, отколку да се погоди.

Германија

Келн е во страшна негативна серија, нема победа веќе цели десет натпревари а проблемот да биде поголем, има дури осум порази во последните десет меча.

Ако е за утеха, Келн ремизираше во мечот без голови против Вердер вчера во рамките на деветтото коло од Бундеслигата, а едно промашување од епски размери го одбележа тој натпревар.

Кога не оди, едноставно не оди, па огромно промашување имаше францускиот напаѓач Гираси кому му беше тешко да погоди и празен гол...