24фудбал

Ја видовте паненката на Депај? (ВИДЕО)

Мемфис Депај постигна хет-трик против Троја, а фантастичното издание го зачини со гол од пенал и тоа со паненка.

Франција

Депај се „препороди“ во Лион, одигра уште еден фантастичен меч за францускиот прволигаш и тоа во победата од 0-5 за неговата екипа на гостувањето кај Троја.

Сите три погодоци за холандскиот интернационалец беа на убав начин постигнати, но еден се издвои од сите, тоа е голот од пенал кој Холанѓанецот го изведе со паненка, а тоа го направи и повеќе од успешно...