24фудбал

Роналдо е најдобриот фудбалер за 2017 според ФИФА

Кристијано Роналдо ја доби наградата за фудбалер на годината која ја доделува ФИФА, Португалецот втор пат по ред стигнува до ова признание.

Останато

Ѕвездата на Реал Мадрид и Португалија ја освои престижната награда на ФИФА за најдобар фудбалер во светот за 2017 година.

Роналдо оваа награда ја доби пред Лео Меси и Нејмар кои собраа помалку гласови од португалскиот фудбалер.

„Благодарам што гласавте за мене, сметам дека и Меси и Нејмар заслужуваат да се на моето место. Ова е голем момент за мене, втор пат по ред да ја освојам оваа награда. Им благодарам на сите фанови во светот. Премногу сум среќен, ви благодарам, имајте добра вечер“ - изјави Роналдо.