24фудбал

Буфон е најдобар голман, Зидан е тренер на годината

Голманот на Јувентус, Џиџи Буфон ја доби наградата на ФИФА за најдобар на годината, признанието за тренер отиде во рацете на европскиот шампион со Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Останато

Буфон за прв пат ја добива ФИФА наградата за најдобар голман на годината.

„Голема чест е ова признание да се добие на моите години! Сакам да му се заблагодарам на мојот клуб, мојот тренер и соиграчите, бидејќи без нивна помош ќе беше невозможно. Сакам да им се заблагодарам и на сите кои гласаа за мене“ - изјави Буфон.

Со наградата за најдобар тренер се закити предводникот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.


„Ви благодарам на сите, ова е посебно признание за мене. Сакам да им се заблагодарам на сите мои фудбалери кои ми овозможија да ја добијам наградата“ - изјави Зидан.

Женските награди отидоа во европскиот шампион Холандија. Наградата за најдобар женски тренер ја доби Сарина Вигман, а за најдобра фудбалерка беше прогласена Лиеке Мартенс.

Наградата за Фер плеј му припадна на Франсис Коне.