24фудбал

Нејмар има неколку привилегии во ПСЖ, никој не смее остро да стартува врз него на тренинг

Медиумите од Франција откриваат нови детали од договорот на Нејмар со ПСЖ, Бразилецот во Париз има статус на права ѕвезда и добива одредени привилегии кои ги немаат другите играчи во составот

Франција

Напаѓачот пристигна во Париз за да избега од сенката на Меси и со намера да направи значаен исчекор кон приматот најдобар фудбалер во светот.

Нејмар во Париз има статус на права ѕвезда и покрај мултимилионскиот договор со кој е најплатен играч во Европа, има и одредени привилегии кои другите фудбалери на ПСЖ ги немаат.

Некои се мали детали како носење на сопствен куфер од спонзорот додека останатите мораат да ги носат куферите кои им ги доделува клубот.

Бразилецот исто така за себе има двајца физиотерапевти каде го пратат секаде. Ова не е необично, и Златан Ибрахимовиќ имаше личен физотерапевт во ПСЖ, но разликата е што тој им помагаше на другите играчи доколку тоа беше потребно, додека пак овие кои го пратат Нејмар се задолжени само за него.

Но има и такви кои можат да ја нарушат атмосферата во соблекувалната.

Имено, на тренинзите, никој не смее остро да стартува врз Нејмар. На еден од последните тренинзи во Барселона, новото засилување на „Каталонците“, Семедо имаше еден малку погруб старт, по што дојде до физички дуел.

Уште една привилегија е тоа што Нејамр има дозвола да не помага во одбрана.