24фудбал

ПСЖ донел одлука за тоа кој ќе ги изведува пеналите

Според пишувањата на Ла Паризиен, ПСЖ пресекол за тоа кој ќе биде пеналџија, одговорноста за ударите од белата точка ќе ја добие Нејмар следната сезона, а оваа сезона улогата Бразилецот ќе ја дели со Единсон Кавани

Франција

Нејмар и Единсон Кавани креираа голем инцидент на дуелот со Лиоан кога се натегаа кој да шутира пенал.

Уругваецот ја зеде топката и не сакаше да слушне да му го препуши ударот од белата точка на својот колега од нападот.

Медиумите од Франција пренесоа дека расправијата продолжила и во соблекувалната, па дури и лидерите на ПСЖ мораа да се замешаат за да се смират страстите.

Унаи Емери потоа истакна дека е постигнат договор кој ќе изведува пенали, но не потенцираше кој е прв изведувач. На дуелот со Бордо, Кавани се повлече а Нејмар истапи да шутне од 11 метри.

Според пишувањата на Ла Паризиен, ПСЖ веќе донел одлука и Нејмар ќе биде прв изведувач на пенали, но од наредната сезона. До крајот на оваа сезона, Бразилецот ќе мора да ја дели оваа улога со Единсон Кавани.

Весникот вели дека ова е само една од привилегиите кои ги ужува напаѓачот, поради кои останатите играчи се повеќе се незадоволни.