24фудбал

Емери објасни на што треба да се фокусира Нејмар во Франција

Шпанскиот стратег има едно барање до својот фудбалер.

Франција

ПСЖ ремизираше на гостувањето кај Олимпик Марсеј во десеттото коло од француската Лига 1, а дербито го одбележа исклучувањето на Нејмар.

Еден од стрелците на погодоците на гостинската екипа во две минути заработи два жолти картони и со тоа предвреме беше испратен во соблекувалната.


Шпанскиот стратег од клупата на тимот од Париз, Унаи Емери смета дека на Бразилецот му е потребна адаптација, како во шампионатот на Франција, така и во тимот на ПСЖ, а не смее ниту да го занемари ни судењето во тоа првенство.

Нејмар мора да се адаптира во Лига 1, во нашиот тим а воедно и да се адаптира на овдешното судење...“ рече Шпанецот.

Тој е интелегентен, знае дека тоа што се случи ќе му служи како лекција за во иднина“ додаде Емери.

Нејмар на осум настапи за ПСЖ постигна седум погодоци, Бразилецот е втор стрелец во тимот веднаш зад Единсон Кавани кој има девет гола засега од исто толку и одиграни натпревари.