24фудбал

Нови проблеми за Емери, Нејмар не може да ја поднесе неговaтa најсилна страна

Медиумите од Бразил пишуваат за нов конфликт во соблекувалната на ПСЖ, наводно Нејмар не ја поднесува аудио-визуелната анализа на Унаи Емери, која е најсилно оружје на стратегот

Франција

Често се пишува за тоа како Нејмар предизвикува проблеми на Паркот на Принцовите, тој веќе влезе во конфликт со Единсон Кавани за тоа кој да ги изведува пеналите.

Минатата недела се појавија и гласини дека Бразилецот имал расправија и со тренерот Унаи Емери, откако на еден тренинг одбил да земе одмор и предвреме да се упати во соблекувалната.

Сега пристигнуваат нови информации за несогласување на релација Нејмар-Емери, и тоа од медиумите од Брaзил.

Добро упатениот УОЛ Спорт пишува дека напаѓачот не може да ја поднесе аудио-визуелната анализа на Унаи Емери.

Токму ова е најсилното оружје на стратегот за подготовките за натпреварите и тактичката анализа на противникот.

Тоа што Унаи Емери внимава на секој детал значи дека играчите треба околу половина час да гледаат видеа, и на Нејмар не му се допаѓа тоа.

Нејмар има вакви сесии и со Бразил и Тите, но оние на селекторот на „Кариоките“ биле значајно пократки и не толку чести.

Напаѓачот сега за сега се придржува до насоките од Унаи Емери, но на соиграчите им открил дека не може да ги поднесе аудио-визуелните анализи.