24фудбал

Стравот од политички тензии си го направи своето, експедицијата на Реал Мадрид ќе минува „скришно“ низ Каталонија

Неизвесност околу средбата предвидена да се одигра во Џирона во рамките на десеттото коло од Примера.

Шпанија

Натпреварот во Ла Лига помеѓу Џирона и Реал Мадрид би можел да се одложи доколку дојде до прогласување на независност на Каталонија.

Во Реал Мадрид се убедени дека било какво сценарио нема да ја загрози безбедноста на фудбалерите.

Безбедноста ќе биде на највисоко ниво, како и на сите натпревари, ќе играме како и секогаш и нема да размислуваме за ништо друго“ истакна францускиот стратег од клупата на европскиот и шпански првак, Зинедин Зидан.

Тамошните медиуми пренесуваат дека како дополнителна безбедносна мерка која ќе се преземе во однос на неделниот меч, е тоа што гостите во Каталонија нема да го користат клупскиот автобус, а конечната одлука околу натпреварот би можела да ја донесе локалната власт во Џирона.

Како за потсетување, во политичките тензии кои ја тресеа Шпанија, претходно Барселона на денот на референдумот за независност на Каталонија, кој од шпанските власти беше прогласен за нелегален, играше пред празни трибини против Лас Палмас на „Камп Ноу“.