24фудбал

ПСЖ му исполни уште една желба на Нејмар вредна 9 милиони евра

„Светците“ прават се за нивната прва ѕвезда да биде среќна, од Бразил пристигнуваат информации дека ПСЖ позитивно одговорил на молбата на Нејмар и на Сантош му исплатил 9 милиони евра

Франција

По рекордниот трансфер на Нејмар во Париз вреден 222 милиони евра, и Сантош триеше раце, клубот од Бразил веруваше дека им следува околу 4% од оваа сума на има на тренинг компензации и солидарен фонд, правила кои се пропишани од ФИФА.

Но настана проблем бидејќи ова не беше класичен трансфер откако Нејмар со чек вреден 222 милиони евра ја активираше откупната клаузула и се ослободи од договорот со Барселона.

Со оглед на тоа дека играчот и Сантош не се во најдобар однос откако клубот од Бразил беше изигран од напаѓачот при трансферот во Барселона, Нејмар се обиде да се искупи и го заколи ПСЖ да го исплати неговиот поранешн клуб.

Парите за Шеикот не се проблем, па за првата ѕвезда да биде среќна, „Светците“ направија нова отстапка и на Сантош сега му иплатија 9 милиони евра.

„Да, Сантош ја доби уплатата од ПСЖ – вели директорот Модесто Рома. „Не ја знам точната бројка, но се работи за околу 9 милиони евра.