24фудбал

Гарсија не ја оправдува реакцијата на Евра

Патрис Евра како искусен фудбалер не смеел да подлегне на тие провокации од трибините, смета Руди Гарсија.

Франција

Олимпик Марсеј со минимален пораз од 1-0 се врати од гостувањето кај Гимараеш во четвртото коло од групата „И“ во Лига Европа, а на стартот на мечот му претходеше инцидент.

Патрис Евра кој беше предвиден да почне од клупата за резервни фудбалери се степа со еден навивач, па доби црвен картон уште пред да почне натпреварот.

Нови снимки од пресметката на Патрис Евра со фановите на Олимпик Марсеј (ВИДЕО)

На ова реагираше стратегот од клупата на Олимпик Марсеј кој реакцијата на Евра ја оцени како неоправдана.

Патрис е повеќе од искусен фудбалер, не смее да реагира така. Ние не смееме да реагираме на навреди, истите доаѓаат само од еден навивач“ изјави Руди Гарсија кој притоа додаде дека лицето од трибините не бил навивач на клубот, бидејќи ги навредувал фудбалерите, наместо да ги поддржува.

Со синоќешниот пораз Олимпик Марсеј си ја искомпликува ситуацијата во оваа конкуренција, можеби на големо влијаеа случувањата пред мечот, па така ќе мора да се помачи во следните две кола доколку сака прогрес во Лига Европа.