24фудбал

Зидан прави револуција по дебаклот против Тотенхем, со младинци ќе го вади Реал од криза

Според пишувањата на АС, Зинедин Зидан ќе направи големи промени во составот за дуелот со Лас Палмас, Французинот ќе им укаже доверба на неколку млади играчи како Асенсио, Ернандез, Себаљос и Љоренте

Шпанија

По шокантниот пораз од Џирона, Реал Мадрид доживеа дебакл на гостувањето на Вембли во Лигата на шампионите и загуби од Тотенхем.

Според пишувањата на АС, Зинедин Зидан сега ќе направи големи промени во составот, и со млади играчи ќе се обиде да излезе од криза.

Весникот пишува дека шанса против Лас Палмас овој викенд треба да добијат Марко Асенсио, Тео Ернандез, Дани Себаљос и Марко Љоренте.

Одмор ќе добијат Марсело, Касемиро, Тони Крос и Лука Модриќ, а на клупата се резерви би можел да се најде и Начо.

На местото на дефанзивецот шанса во првиот тим би можел да добие младиот Хесус Ваљехо.