24фудбал

Црн ден за Евра, Марсеј го отпушти, УЕФА го суспендираше седум месеци

Патрис Евра го раскина договорот со Марсеј и доби седум месеци суспензија од УЕФА за удирањето на фанот пред натпреварот со Виторија Гимараеш во Лига Европа.

Франција

Пред почетокот на мечот, Евра имаше инцидент со своите навивачи во кои со нога удри еден фан и доби црвен картон и покрај тоа што натпреварот не беше почнат.

Денеска УЕФА соопшти дека му врачила седум месечна суспензија на Евра, тој на фудбалот ќе може да му се врати дури во јуни 2018 година, но не во Марсеј бидејќи доби отказ од клубот.

Евра доби и парична казна од 10.000 евра.