24фудбал

Боатенг открива: Анчелоти не шокираше со одлуката која ја донесе на 90 минути пред дуелот со ПСЖ

Жером Боатенг проговори за отказот на Карло Анчелоти, вели дека искусниот стратег ги шокирал поискусните играчи во соблекувалната кога на час и половина пред деулот со ПСЖ решил да направи промени во стартниот состав

Германија

По поразот од 3-0 на гостувањето во Париз, Карло Анчелоти доби „клоца“ од Баерн Минхен, а лидерите на клубот истакнаа дека морале да го сторат тоа откако пет клучни играчи му го свртеле грбот на стратегот.

Жером Боатенг, за кого медиумите пишуваа дека е едно од имињата кои му се спротивставиле на Карло Анчелоти, сега открива нови детали.

Дефанзивецот вели дека сите останале шокирани кога Италијанецот ги соопштил измените во стартниот состав на само 90 минути пред дуелот со ПСЖ.

„Беше навистина чудно. На петмина од нас без оправдување на час и половина пред дуелот ни беше кажано дека нема да играме. Фудбалерите кои беа засегнати од оваа одлука, останаа шокирани“ - вели Боатенг.

За дуелот на Паркот на Принцовите, Карло Анчелоти на клупата ги седна Матс Хумелс, Франк Рибери, Арјен Робен и Кингсли Коман, а Жером Боатенг беше испратен на трибини.

На Карло Анчелоти му се замеруваше и тоа што тренинг сесиите не биле доволно интензивни.

„Трениравме поинаку од она што бевме навиканти. Секој играч може да каже дали е 100% подготвен или не. Јас не бев“.