24фудбал

Барди препорачан на ФМ18: Скромната заработувачка и вредност го прават овој фудбалер...

Фановите на Фудбал Менаџер добија совет за тоа кои се десетте највредни засилувања во Примера.

Македонија

Во својот наслов „Фудбал менаџер 2018: 10 највредните засилувања од Ла Лига“, „The Sportsman пишува за тоа кои се десетте фудбалери кои би требало да ги ангажирате во својот тим доколку почнувате со вашата екипа на оваа мега популарна игра.


Леванте има нова ѕвезда во своите редови во Енис Барди, а тој факт е потврден и во оценките на ФМ18. Македонецот кој игра во средниот ред е фантастичен во изведувањето на слободните удари, истовремено е одличен креативец. Одличен прв допир со топката, техника и додавања кои потврдуваат дека Барди ја има способноста да ја контролира играта во поседот, истовремено поседува и дриблинг и долги топки кои исто така нудат голема опасност кон противничките половини. Малата заработувачка и вредноста го прават овој 22 годишен фудбалер нешто што морате да го добиете во својата прва сезона од Ла Лигапишува „TheSportsman“.


Профилот на Енис Барди на ФМ18

Доколку се верува на горенаведениот профил на нашиот фудбалер на ФМ18, тогаш тој неделно заработува во Леванте 12,000 евра, односно на годишно ниво - 590,000 евра. Неговата вредност пак во евра изнесува околу 4,5 милиони.

22 годишниот Енис Барди на десет натпревари постигна четири погодоци за Леванте во најсилната конкуренција на Шпанија, што за момент доби огромна популарност на себе, посебно во однос на неговата најголема специјалност, изведувањето на слободните удари.

 

Извор: thesportsman.com