24фудбал

„Разговаравме еден час, повеќе не го почитував“ - Бензема открива поради кои зборови му се налутил на Мурињо

Карим Бензема открива која изјава на Жозе Мурињо придонела односот помеѓу двајцата да се наруши, Французинот вели дека повеќе од еден час разговарал со стратегот откако „Специјалниот“ на прес конференција го нарече мачка

Шпанија

Канал+ објави документарец за напаѓачот на Реал Мадрид во кој Карим Бензема говори за многу работи од престојот на Сантијаго Бернабеу.

Тој откри како се нарушил неговиот однос со поранешниот менаџер Жозе Мурињо и зошто ја загубил почитта која ја имал кон „Специјалниот“.

„Имавме добар однос, но потоа кажа некое работи кои не му беа на место“ - вели Карим Бензема. „Мислеше дека она што го кажа е смешно“.

„Имав голема почит за него, но по таа изјава се променија работите, тогаш збеснав“.

Изјавата за која говори Карим Бензема е прес конференцијата на Жозе Мурињо во која Португалецот рече: „Кога одите на лов, доколку наместо куче имате мачка, приморани сте да ја земете мачката. Ќе уловите помалку, но тоа е“.

По ваквите коментари, Карим Бензема итно побарал состанок со Жозе Мурињо.

„Го известив дека мораме да разговараме“ - продолжува Бензема. „Имавме состанок кој траеше еден час. Му кажав дека јас сум фудбалерот а тој е тренерот и дека го почитувам, но и дека тој мора да ме почитува како фудбалер“.

„Потоа немаше никакви стории за мачки, кучиња или нешто слично. Можеби сум срамежлив и молчам, но кога ќе ме исмевате, бурно реагирам“.