24фудбал

Нејмар им е лут на Суарез и Пике поради една причина

Медиумите од Шпанија пишуваат дека Нејмар им е лут на Луис Суарез и Жерард Пике, Бразилецот е разочаран бидејќи овие двајца фудбалери им го откриле на медиумите она што тој им го кажал во доверба

Шпанија

Нејмар неодамна се врати во Барселона и се сретна со своите поранешни соиграчи. По неговата посета на Камп Ноу, во медиумите се појавија гласини дека тој се кае за преселбата во ПСЖ и жали што заминал од Барса. Напаѓачот дури и прашал дали ќе го примат назад.

Големиот број на шпекулации кулминираа изминатиов викенд, кога Бразилецот се расплаче на прес конференцијата по пријателскиот натпревар со Јапонија, кога селекторот Тите застана во негова одбрана.

Според Диарио Гол, Нејмар сега им е лут на Луис Суарез и Жерард Пике.

Бразилецот во доверба им кажал како се чувствува по рекордниот трансфер и смета дека е предаден откако тие целата приказна им ја пренеле на медиумите.