24фудбал

Де Роси збесна кога Вентура му нареди да се загрее: Не играме на реми, пушти го Инсиње ни треба победа! (ВИДЕО)

Даниеле Де Роси жестоко реагираше кога му беше кажано дека треба да се загрее за да влезе во игра, фудбалерот на Рома покажуше дека на теренот треба да истрча Лоренцо Инсиње а не тој

СП 2018

Италија за прв пат по 1958 нема да настапи на Светско првенство откако вечерва одигра само 0-0 во реваншот против Шведска.

„Аѕурите“ бркаа негатива од еден гол од првиот натпревар, па како одминуваше времето, атмосферата беше потензична.

Па камерите уловија една жестока реакција на Даниеле Де Роси кога по наредба на селекторот Вентура му беше кажано да стане да се загрее за да влезе во игра.

Фудбалерот на Рома бесно му објаснуваше на помошникот: „Зошто да влезам јас? Не играме на реми, треба да победиме!.

Даниеле Де Роси исто така покажа и кон Лоренцо Инсиње кој седеше до него и стави добро до знаење кој треба да влезе во игра место него.

Фудбалерот на Наполи игра во одлична форма, но и покрај тоа целиот натпревар против Шведска го преседе на клупата за резерви.