24фудбал

У21: Со помош на Елмас по триумф над Австрија, поправен испит за заборавање на шокот од Гибралтар

Избраниците на Милевски во обид да се поправат за срамниот пораз кај аутсајдерот Гибралтар.

Македонија

Младата македонска фудбалска репрезентација за играчи до 21 година денес ќе излезе на мегдан со соодветната селекција на Австрија, во четвртиот натпревар од квалификациите за ЕП Италија 2019.

По три одиграни меча, избраниците на Милевски имаат два порази (од Србија и Гибралтар), како и една победа на гостувањето кај Ерменија. Поразот од аутсајдерот Гибралтар беше болен, а денес нашите надежи можат да го обелат образот по тој срамен и шокантен пораз.

Селекторот Милевски веќе пикираше за денешниот исклучително важен натпревар кој стартува во терминот од 13,00 часот а се игра на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје.

Македонија У21: Јанков, Симовски, Чешмеџиев, Кулески, Абаз, Костадинов, Селмани, Амановиќ, Георгиев, Елмас и Исени (4-2-3-1).

На клупата за резервни фудбалери се: Илиќ, Садики, Петковски, Кривањева, Илјази, Стојановски и Здравковски.


За денешниот натпревар нашиот младински состав ќе биде засилен со Елиф Елмас од Фенербахче, големиот македонски талент кој претходно беше на располагање на сениорскиот состав за контролката со Норвешка во триумфот од 2-0 во Скопје.

Тројца дебитанти се повикани за пресметката со Австрија, и тоа Филип Илиќ (Гандзасар, Ерменија), Ристе Јанков (Локомотива) и Филип Трајчевски (Победа, Валандово), последните двајца се генерација 1998 година, селекторот Милевски за нив рече дека доколку се докажат ќе можат да се користат и во следниот квалификациски циклус.

 

Група „7“, табела:

1.    Србија 12 (четири меча)

2.    Русија 10 (пет меча)

3.    Ерменија 7 (шест меча)

4.    Австрија 6 (четири меча)

5.    Гибралтар 3 (шест меча)

6.    Македонија 3 (три меча)

 

Извор: uefa.com

Фото-вест: ffm.mk (Архива)